Турнири

„Св. Наум Охридски“: Дар Мар го понижи Штип Сити со 11 гола, убедливи победи за Теа Бар Трејд и Сикоп Компани

Вечерва се одиграа последните три натпревари од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“, кој се игра во Стар Караорман, Штип. Од утре започнуваат четвртфиналните пресметки.

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Вечерва во првиот меч кој започна во 19 часот екипата на Теа Бар Трејд без никакви проблеми со убедливи 4:0 го доби Чукур Спорт. Во вториот вечерашен меч падна најубедливата победа, откако Дар Мар со убедливи 11:2 го понижи Штип Сити, кој немаше воопшто сили да му парира на одличниот противник.

Убедлива победа однесе и Сико Компани во рамки на третиот натпревар кој го доби со сигурни и убедливи 3:0 против Лас Палмас.

Утре и во четврток се игра четвртфиналето на турнирот во Стар Караорман.

Утре со почеток од 20 часот ќе се соочат Алфи Карбинци и ПВЦ Петров, додека пак еден час подоцна ќе се судрат Теа Бар Трејд и Авто Лакер Панац.

В четврток, со почеток од 20 часот Маса Бр 6 оди на мегдан против Сикоп Компани, а пак во вториот меч Дар Мар ќе игра против Радио такси Делукс.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!