Турнири

„Св. Наум Охридски 2022“: Маса Бр 6 и Радио такси Делукс се „распукаа“, убедлив триумф и за Алфи Карбинци

Вечерва започна турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски 2022“ во Стар Караорман, Штип.

Вечерта беше отворена со убедлива победа за екипата на Маса бр 6 која со убедливи 7:0 го „распука“ тимот на Задруга Радање. Во вториот меч кој започна во 21:00 часот КПД Штип беше убедливо поразен од Алфи Карбинци со 2:4, а пак во третиот меч Ел Пасо од Чардаклија немаше „муниција“ за Радио Такси Делукс кој славеше победа со високи 4:0.

Втората вечер стартува, исто така во 19:00 часот со мечот помеѓу Авто Лакер Панац и Алго Мак, во вториот меч ќе се соочат ПВЦ Петров и Теа Бар Трејд, а пак во последниот меч од 21:00 часот Џукер Спорт ќе игра против Кај Дацо.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!