Европски ФудбалФудбал

Сутјеска го чува тимот: Продолжена соработката со Гиљен и Марковиќ

После Драган Гривиќ, договорите со тимот на Сутјеска ги продолжија и најдобриот стрелец од минатата сезона, Божо Марковиќ, како и искусниот голман и капитен на тимот, Владан Гиљен.

Искусниот напаѓач минатата сезона беше најдобар стрелец со 16 постигнати погодоци. Непотребно е да се трошат зборови колку тоа многу значи за тимот на Сутјеска, кој и во следната сезона ќе се обиде повторно да биде конкурентен во борбата за трофејот, како и да постигне забележителни резултати во Конференциската лига.

Драган Гривиќ со своите квалитетни игри ја заслужи поканата на селекторот на репрезентацијата, Миодраг Радуловиќ, додека голманот Владан Гиљен со години е најдобар играч на тимот.

Пред неколку дена Сутјеска го промовираше новиот тренер Милија Савовиќ, кој најави неколку засилувања, но исто така потенцираше дека приоритет е да се задржат играчите од минатата сезона.

Поголемиот дел од работата во таа насока е завршена, па сега може да се очекуваат најавените засилувања.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!