ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Супер-дербито во Берово без победник, Спартмани со висок триумф, Победа го декласираше Вардарски

Второто коло од Третата лига – Исток донесе дожд од погодоци. Најубедлива победа однесе Победа во Валандово од 4:0 над Вардарски од Богданци. Двоен стрелец беше Стојанчо Наков, а по еден гол постигнаа Лазар Бајљозов и Панче Петрков.

Брегалница Делчево го забележа првиот триумф во новата сезона, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Тиверија со голот на Бојан Петровски.

Супер-дербито во Берово заврши без победник, Малеш и Осогово го поделија „пленот“ играјќи 1:1. Глигорчо Арменски прв го донесе Малеш во водство од 1:0 во 53. минута, а седум минути подоцна Тоше Манов погоди за конечните 1:1.

Дојранско Езеро и Карбинци го поделија „пленот“ играјќи 2:2. За домашниот тим двоен стрелец беше Петар Илиев, а пак за гостите Филип Сарафимов.

Спартмани со 3:1 го доби Рудар на домашен терен. За домаќинот двоен стрелец беше Мите Митров, а во листата на стрелци се запиша и новото засилување Зоран Спасов на асистенција на Минур Асанов. За гостите единствен стрелец беше Марио Атанасовски.

Академија Чешиново-Облешево и Овче Поле го поделија „пленот“ играјќи 2:2. За домашниот тим стрелци беа Михаил Јакимов и Давид Симонов, за гостите од Свети Николе погодија Николче Симонов и Боце Ефремов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!