Супер дерби пресметка во Струмица, важен меч за опстанок во Пехчево, Победа против Осогово

Денешните мечеви од 23. коло на Втората фудбалска лига – Исток носат нова доза на возбуда кога е во прашање опстанокот во второлигашкото друштво и влезот во Првата фудбалска лига.
Целиот фокус ќе биде во Струмица каде се игра големата дерби пресметка меѓу Беласица и Каменица Саса. Струмичани денес ќе ја имаат улогата на фаворит поради далеку подобрата форма и домашниот терен.
Со големата победничката и позитивна серија Беласица се искачи на второто место и има негатива од само еден бо во однос на лидерот Слога 1934 од Виница. мрежата на Беласица е чиста од декември 2021 година кога последен пат беше затресена мрежата на струмичкиот второлигаш.
Саса во претходното коло со гол од пенал се спаси од пораз од Пехчево на домашен терен (2:2) и со тоа направи чекор назад во борбата за врвот и со тоа директен влез во фудбалската елита на Македонија. Евентуален пораз на Саса во Струмица ќе значи значително намалување на шасите „рударите“ да се надеваат на Прва лига.
Во изјава за Спортска Мрежа голманот на Каменица Саса, Димитар Ѓоргиев вели дека Струмица ќе биде многу тешко, а ако загуби неготвата екипа тогаш ќе има минимални шанси дури и за бараж.
Пехчево и Детонит го играат клучниот меч во борбата за сигурен опстанок во второлигашкото друштво на Истокот. Домаќинот е на петото место на табелата со 27 бодови колку што имаат и Кожуф и Осогово, а триумф и нови три бодови ќе значи дека Пехчево значитечно ќе се зацврсти на петото место и ќе на четири кола до крајот ќе влезе со речиси обезбеден опстанок. Радовишани во Пехчево патуваат на се или ништо. За нив само победа и три бодови би било позитивен резултат во борбата за опстанок, се друго ќе значи значително намалување на шансите радовишани и следната сезона да бидат дел од второлигашкото друштво.
Кожуф на домашен терен ќе игра против Братство од Житоше во меч каде домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови. Кожуф е на делба на петата позиција со Пехчево и Осогово кои исто така имаат 27 бодови. Братство влезе во длабока резултатска криза од четири последователни порази, а пораз во Гевгелија ќе значи сигурна преселба во Трета лига – Југ.
Лидерот Слога 1934 на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Локомотива од Градско која експресно отпадна и од следната сезона повторно ќе се натпреварува во Трета лига – Југ. Домаќинот има апсолутна фаворитска улога за нов триумф и нови три бодови на патот кон Прва лига.
Победа на „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе ги одмери силите со Осогово од Кочани. Прилепчани денес немаат право на грешка доколку сакаат да го задржат чекорот со лидерот Слога 1934 од Виница и да се надеваат на освојување на врвот и со тоа директен влез во Прва лига. Победа и двете пресметки против „жетварите“ ги доби со убедлив резултат. Првата пресметка во Прилеп заврши со убедливи 6:0 за Победа, а пак во Кочани прилепчани триумфираа со 1:3.
Сите натпревари се играат денес и ќе стартуваат во 16:00 часот.