ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Супер-дерби на непоразените во Свети Николе, Рудар домаќин на Малеш, локално дерби во Карбинци

Најава на 5. коло од Третата фудбалска лига – Исток овозможено од Revolution Development.

Во Пробиштип ќе гледаме дерби дуел меѓу Рудар и Малеш од Берово каде трите бодови ќе бидат повеќе од потребни за намалување на бодовната разлика во однос на водечките Овче Поле и Дојранско Езеро кои имаат по 12 максимални бодови.

Рудар во претходното коло триумфираше убедливо (4:1) над Чешиново 2015 и со тоа се искачи на третото место на табелата, ваквиот убедлив триумф е голем мотив за „рударите“ пред утрешното дерби против Малеш. Гостинот од Берово иако тргна одлично во новата сезона има квалитет со кој ќе се обиде од Пробиштип да се врати со целиот „плен“ и со тоа да направи прогрес до третото место на табелата.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Дербито на колото ќе се одигра во Свети Николе каде ќе се соочат непоразените Овче Поле и Дојранско Езеро. Двете екипи атакуваат на освојување на врвот и со тоа да играат бараж за влез во Втора лига. Со по 12 максимални бодови двете екипи ја делат првата позиција, односно третолигашот од Свети Николе поради подобрата гол разлика е на првото место од табелата.

Во досегашниот тек од сезоната Овче Поле забележа убедливи победи, а во Берово се намачи и триумфираше со минимални 0:1 над Малеш. Дојранско Езеро тргна одлично со четири од четири и во Свети Николе доаѓа максимално подготвен за надигрување со директниот конкурент.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Локално дерби ќе се одигра меѓу Карбинци и Чешиново 2015 во меч каде и двете екипи ќе бркаат прва сезонска радост. Карбинци на четири натпревари успеа да собере само два бода и се наоѓа на петото место на табелата, пред Чешиново 2015 кој е последен со само еден освоен бод.

Сите натпревари ќе се одиграат утре со почеток од 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!