ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Супер-дерби меѓу Врапчиште и Аресими, Напредок против лидерот Беса

Во недела се играат натпреварите од 8. коло од Третата лига – Запад Супер-дерби се игра меѓу екипите на Врапчиште и Аресими којшто се на делба на второто место на табелата со по 15 освоени бодови. Мотив за победа има и кај двете екипи, бидејќи победникот ќе биде втор на табелата со 18 бодови и ќе го следи лидерот Беса.

Напредок во Кичево ќе има тешка задача против непоразениот лидерот Беса. Гостите ќе важат за големи фаворити на овој меч бидејќи имаат далеку подобра форма од очајниот Напредок, кој во досегашниоте тек од сезоната успеа да запише само две победи.

Камјани на домашен терен ќе го пречека Љуботен кој игра лоша сезона и со само три освоени бодови се наоѓа на претпоследното место во ТМФЛ – Запад. Домаќините ќе важат за големи фаворити на овој меч.

Речица ќе биде домаќин на Трабзонспорт во меч каде домаќините ќе ја имаат фаворитската улога, додека „фенерџијата“ Пролетер на домашен терен ќе игра против Нераште и ќе се обиде да дојде до први бодови во тековната сезона.

Сите натпревари започнуваат во 13:30 часот и ќе се одиграат без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!