ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Супер-дерби меѓу Пелистер и Гостивар, традицијата вели трите бодови ќе останат во Битола

Четвртото коло од Втората македонска фудбалска лига ќе донесе супер-дерби меѓу двата фаворити за влез во Прва лига – Пелистер и Битола. Двете екипи имаат по седум бодови и идентична форма од по две победи и едно реми.

Натпреварите на овие две екипи редовно се богати со погодоци, а традицијата вели дека трите бодови ќе останат во Битола. Овие две екипи од 2011 до 2019 година се соочи 13 пати во рамки на Втората лига и еднаш на пријателски натпревар во 2018 година. На овие 14 натпревари, Пелистер запиша дури седум победи, а пак Гостивар само две победи, пет натпревари заврши со нерешен резултат. Најмногу погодоци дури пет имало на 27 ноември 2011 година кога Пелистер триумфирал со 3:2.

  • Меѓусебни натпревари од 2011 до 2019 година:

30.11.2019 Гостивар 0:2 Пелистер ВМФЛ
21.09.2019 Пелистер 0:0 Гостивар ВМФЛ
13.04.2019 Гостивар 2:2 Пелистер ВМФЛ
17.03.2019 Гостивар 0:0 Пелистер ВМФЛ
29.09.2018 Пелистер 2:1 Гостивар ВМФЛ
30.01.2018 Пелистер 0:1 Гостивар Пријателски натпревар
23.04.2016 Гостивар 0:1 Пелистер ВМФЛ
07.11.2015 Гостивар 1:2 Пелистер ВМФЛ
22.08.2015 Пелистер 1:1 Гостивар ВМФЛ
30.03.2014 Пелистер 2:0 Гостивар ПМФЛ
27.11.2013 Пелистер 1:0 Гостивар ПМФЛ
01.09.2013 Гостивар 1:1 Пелистер ПМФЛ
19.05.2012 Гостивар 1:0 Пелистер ВМФЛ
27.11.2011 Пелистер 3:2 Гостивар ВМФЛ

Што се однесува до денешниот натпревар трите бодови се императив и за двете страни, натпреварот е од голема важност и за двете екипи, кои атакуваат на директен влез во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи се квалитетно засилени и тоа треба да понуди супер-дерби во Битола за сите гледачи, како и неизвесноста и погодоци, како што вели традицијата.

Натпреварот во Битола ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, а мечот ќе започне во 16:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!