ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Судиска анализа за 8. коло во Прва лига и 5. коло во Втора лига

Судиска анализа за 8. коло од Прва МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 8. коло на Прва МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Струга Трим Љум – ФК Тиквеш одигран на 17.09.2022 година, анализирани се ситуаците од 9. и 37. минута.

Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Даниел Василевски и Слаган Марковски;

9. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено гол)

Играч од нападот на домаќините шутира кон голот на гостите, топката ја брани голманот така што топката удира во одбранбен играч на гостинската екипа и со целиот свој обем видно влегува во голот и ја поминува гол линијата, гледајки го тоа голманот се фрла и ја извлекува топката надвор од гол линијата. Вториот асистент судија одлично сконцентриран, но и главниот судија многу блиску до настанот и е проактивен.

Исправна одлука и соработка на главниот и вториот помошен судија, голот е регуларен бидејќи топката со целиот свој обем ја помина гол линијата.

37. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во шеснаесетникот на домаќините, топка беше во ничив посед, играч од одбраната на домаќините прв стигна до топката и ја удира, притоа играч од нападот на гостите место топката удира во долниот дел на копачката од играчот на одбраната и се повредува. Главниот судија е идеално поставен на само 2-3 метра од настанот и досудува слободен удар за играчот од одбраната.

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за играчот од одбраната, бидејки прв стигнува до топката и играчот од нападот на гостите го удира во долниот дел на копачката.

На натпреварот ФК Работнички – ФК Победа  одигран на 17.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 3. и 41. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски;

3. минута: ЛОША ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ доделен ЦРВЕН картон)

Голманот на гостинската екипа ја изби топката кон средината на теренот, по топката тргаа два играчи од обете екипи. Гостинскиот играч сакајќи да стигне до топката, со отворен ѓон, со јак интензитет и невнимателно без да игра со топката, стартуваше во телото (градите) на играч од екипата на домаќините и направи прекршок.

Погрешна одлука на главниот судија што додели жолт картон. За ваков старт со отворен ѓон, со јак интензитет во тело на противник и без да се игра со топката,исправна дисциплинска мерка е ЦРВЕН картон за играч.

41. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините шутираше кон голот на гостите, голманот ја допре топката која се одби од гредата и дојде до соиграч од домаќините кој постигна гол, меѓутоа при ударот кон голот, играчот кој постигна гол се наоѓаше понапред од претпоследниот играч од одбраната на гостите.

Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен и досудено офсајд позиција, бидејќи играчот кој го постигна голот при ударот кон голот се наоѓаше понапред од претпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот  ФК Шкендија – ФК Шкупи одигран на 17.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 26. минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски;

26. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Шкендија беше во посед на топката во шеснаесетникот на Шкупи, играч од одбраната на Шкупи со лизгачки старт стартуваше на играчот од нападот и чисто ја изби топката, без контакт со играчот од нападот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи стартот на играчот од одбраната на Шкупи беше коректен, чист и на топка на противник, без елементи за удар од 11 метри.

На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 17.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 12. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;

12. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од домашната екипата центрираше во шеснаесетникот на гостите, соиграчот скокна и со глава ја удри топката кон голот на гостите, меѓутоа до него имаше играч од екипата на гостите и со глава ја одби топката во корнер, иако и раката му беше во близина на глава и неприродна положба.

Исправна одлука на главниот судијата што не досуди удар од 11 метри, туку досуди удар од агол за домаќините, бидејки играчот од гостинската екипа топката ја удри со глава, а не со рака.

На натпреварот ФК Скопје – ФК Брегалница одигран на 18.09.2022 година, анализирани се ситуациите од 67. и 80. минута.

67. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Голманот на домаќините изведе голманска топка кон средината на теренот, играч од одбраната на гостите при скокот за да ја удри топката со глава, невнимателно со лакт го удри играчот од екипата на домаќините во глава.

Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар за екипата на домаќините и доделено жолт картон за играчот на гостите поради невнимателен и без силен интензитет старт со лакт. Бидејќи тоа беше втор жолт картон за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт-ЦРВЕН картон)

Играч од нападот на гостите беше во посед на топка странично од голот на домаќините, до него имаше играч од одбраната на домаќините, во моментот кога напаѓачот го помина одбранбениот играч, истиот со раце, неспортски го собори напаѓачот без да има намера да игра со топката, туку целта му беше да го спречи напаѓачот.

Исправна одлука на главниот судија, досудено слободен удар за гостите и доделен жолт картон за играчот поради неспортски старт (влечење), бидејки тоа беше втор жолт за играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

Судиска анализа за 5. коло од Втора МФЛ за сезона 2022/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 5. коло на Втора МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Гостивар – ФК Воска одигран на 17.09.2022 година. анализирани се ситуациите од 34, 45. и 57. минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошен судија: Бранко Путилин и Андреј Ќамилов;

34. минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на домаќините беше во посед на топка во шеснаесетникот на гостите, играчот од нападот се придвижува и удира во телото на одбранбениот играч на гостите, доаѓа до минимален контакт и паѓа.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, нема елементи за удар од 11 метри, бидејки контактот е минимален и играчот од нападот се удира во одбранбениот играч, главниот судија е во непосредна близина и одлично поставен.

45. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостинската е во поседна топка во шеснаесетникот на домаќините, доаѓа до минимален контакт и без интензитет со играч од одбраната на домаќините, паѓа и сака да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи и го задржа истиот критериум како и во 34. минута, нема елементи за удар од 11 метри, контактот беше минимален и без интензитет, исто така главниот судија беше одлично поставен и во оваа ситуација.

57. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ВТОРИОТ СУДИЈА (досудено офсајд позиција)

Играч од екипата на домаќините испрати долга топка до соиграч, на таа топка скока за да ја избие со глава играч од обраната на гостите, кој лошо ја проценува топката и во паѓање-при доскок топката само го допира одбранбениот играч, истата доаѓа до напаѓач кој за цело време од акцијата се наоѓа во недозволена офсајд позиција и постигнува гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија што сигнализира офсајд позиција и го поништи голот.

ОБЈАСНУВАЊЕ: Според новите инструкции на ФИФА И УЕФА играна топка од одбранбен играч, каде играчот неспретно само ја допира и ја нема во посед топката без притоа да проигра, се зема како топката да е одбиена од него и затоа во овој случај донесената одлука на судискиот тим е регуларна.

На натпреварот  ФК Караорман – ФК Вардар одигран на 18.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 24. минута.

Главен судија: Доне Ристовски; Помошни судии: Тоше Ицев и Зоран Ангелов;

24. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)

Играч од нападот на гостинската екипа беше во контранапад на околу 35 метри од голот на домаќините, на него стартуваше со прекршок претпоследниот играч од одбраната на домаќините спречувајќи го играчот во очигледна шанса за гол, односно ќе излезеше сам пред голот на домаќините.

Исправна одлука и соработка на главниот судија со првиот помошен судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот од домаќините за спречување на очигледна шанса за гол.

На натпреварот  ФК Охрид  – ФК Пелистер одигран на 18.09.2022 година, анализирана  е ситуацијата од 83. минута.

Главен судија: Кирил Смоквоски; Помошни судии: Иле Мишески и Борис Трајков;

83. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, на него стартуваше во долниот дел од ногата (сопнување) без да игра со топка играч од  одбраната на домаќините и направи невнимателен прекршок.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри, бидејки играчот невнимателно стартуваше на ногата (сопнување) на играчот од нападот на гостите, без да има шанса да игра со топката.

На натпреварот ФК Борец  – ФК Кожуф одигран на 18.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 80. минута.

Главенсудија: Александар Василевски; Помошни судии: Александар Недевски и Филип Николов;

80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка во шеснаесетникот на домашната екипа, при центаршутот топката го удира играчот од одбраната на домаќините во рака која е високо подигната горе и е во неприродна положба.

Исправна одлука на главниот судија, досуден е удар од 11 метри бидејки раката на играчот е високо подигната и е во неприродна положба.

На натпреварот ФК Пехчево – ФК Тетекс одигран на 18.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 55. минута.

Главен судија: Ивана Пројковска; Помошни судии: Вјолца Изеири и Елена Соклеска;

55. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домаќините во шеснаесетникот на гостите прими топка странично од голот, во тој момент играчот од одбраната на гостите со нога (сопнување) му ја повлече ногата на напаѓачот спречувајки го да продолжи да игра со топката.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, требаше да се досуди удар од 11 метри, бидејки намерата на играчот од одбраната беше спречување (сопнување) на играчот од нападот да продолжи да игра со топката.

На натпреварот ФК Беса – ФК Слога Виница одигран на 18.09.2022 година, анализирана е ситуацијата од 72. минута.

Главен судија: Бенјамин Керими; Помошни судии: Ѓорѓески Александар и Идриз Идризи;

72. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри и доделен ЦРВЕН картон)

Во шеснаесетникот на домаќините, играч од екипата на гостите беше во очигледна шанса за гол, односно сам пред голманот на домашните, кога го помина и голманот беше грубо фаулиран од него, на кого целта не беше старт на топката, туку играчот за да не постигне гол .

Исправна одлука на судијата, досудено удар од 11 метри и ЦРВЕН картон за голманот за груб фаул, спречување очигледна шанса за гол.

ОБЈАСНУВАЊЕ: Ако стартот на голманот беше на топка, односно целта негова биде да ја избие топката, во тој случај се доделува жолт картон.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!