Ступиќ: Повеќе немаме право на грешка!

По паузата поради активностите на репрезентациите, фудбалерите на Пехчево денес на домашен терен на Градскиот стадион во Пехчево го пречекуваат Кожуф во 21. коло од Втората лига – Исток.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Капитенот Бошко Ступиќ вели дека тимот повеќе нема право на грешки, па токму затоа ќе се атакува на трите бода во пресметката со гевгеличани.
„После Осогово повеќе немаме право на грешка, сега секој следен натпревар за нас е како финале. Кожуф е навистина добра екипа, ги респектираме, но потребни ни се бодови и затоа одиме на победа. Минавме добар тренажен процес за време на паузата, се враќаме и на домашен терен во Пехчево па сигурно очекувам интересен натпревар и три бода“ – вели Ступиќ.
Натпреварот меѓу Пехчево и Кожуф се игра денес со почеток од 15 часот.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428