ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Студена Вода со шест гола го олади Карбинци на контролен натпревар

Третолигашите Студена Вода и Карбинци одиграа контролен натпревар кој заврши со висока победа за домаќинот од 6:0. Вистинско оладување за екипата на Карбинци која во целост потфрли на тестот во Куманово со промашен пенал и бледа игра во текот на целиот натпревар.

Дефинитивно најлошо издание на фудбалерите на Карбинци во текот на овој подготвителен период, кое треба да биде аларм за будење и секако анализа за причините за негативниот ефект од подготвителниот период. Ако се земе предвид дека Карбинци најавува високи амбиции и борба за врвот во третолигашкото друштво на Истокот, тогаш убедливиот пораз од Студена Вода која се натпреварува во Трета лига – Север треба да биде вистинско предупредување дека со вакво изнадение тешко ќе се обезбеди историско учество во Втората македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!