ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Студена Вода со „петарда“ за ССК Нова го отвори 13. коло во Трета лига – Север

Студена Вода во воведниот меч од 13-тата рунда од Трета лига – Север запиша убедлива победа од 5:0 над екипата на ССК Нова.

Домашниот тим важеше за голем фаворит на денешниот меч, а тоа беше оправдано со висока победа на теренот во Доброшане.

„Тенката“ клупа на гостите кои во Доброшане допатуваа само со две измени се покажа и како кобна, бидејќи ССК Нова од старт можеше да смета само на две измени, па со тоа и немаше многу простор за да внесе свежи во тимот особено во вториот дел кога се случи вистинска капитулација, бидејќи гостите имаа сили за отпор само за првиот дел.

Резултатот беше отворен во 38. минута кога Ненад Петровски постигна погодок за водство на Студена Вода со што резултатот на полувреме беше 1:0. Во вториот дел Дарко Тородовски со два брзи гола во 60. и 64. минута обезбеди водство од високи 3:0 за домашниот тим.

Гостите немаа сили да го запрат налетот на домашниот тим, кој преку Марио Томовски веќе во 70. минута имаа водство од убедливи 4:0. Десет минути подоцна Никола Ѓорѓиевски ги постави конечните 5:0.

Што се однесува до табелата Студена Вода барем до утре ќе биде на четвртото место со 20 бодови, а пак ССК Нова до утре останува на 11-тото место.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите седум натпревари, а дербито на колото го играат лидерот Башкими и третопласираната Фортуна, натпревар кој гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност да го следат во ЖИВО.

Што се однесува до останатите натпревари Маџари Солидарност ќе игра против Башкими Љуботен, Аеродром ќе биде домаќин на Волково, Илинден ќе го пречека тимот на Риниа, ланскиот второлигаш Кадино ќе игра против некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, Раштак ќе има тежок меч со второпласираниот БВК Коњаре, а пак Петровец ќе се соочи на домашен терен со Беса Влазрими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!