ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Студена Вода постигна ОСУМ погодоци, високи победи за Риниа и Беса Влазрими, три бода за ССК Нова и Фортуна

Денес беше комплетирано 2. коло од Трета лига – Север, откако вчера Илинден и Маџари одиграа 2:2, а денес во 10 часот Кадино со 2:0 славеше над Башкими од Куманово, во 16 часот беа одиграни и останатите натпревари.

Студена Вода го уништи Волково со убедливи 8:2. До хет-трик стигнаа Андреј Јовановски и Никола Стевчевски, а по еден гол постигнаа Никола Ѓорѓиевски и Христијан Благоевски. За гостите погодија Андреј Најдовски и Андреј Соколоски.

Фортуна на домашен терен славеше над Аеродром со 2:1. Бујамин Етеми во 15. минута од мечот си постигна автогол со што гостите имаа водство од 0:1. По пет минути игра Ивановиќ покажа на белата точка за домашниот тим, а Ријад Вељии успешно реализираше за 1:1. Трите бодови ги обезбеди Берат Шакири во 84. минута од мечот (2:1).

Петровец на домашен терен загуби од Риниа со 1:3. Двоен стрелец за гостите беше Хариз Азизи, а еден гол постигна Бесир Јусуфи. За домашниот тим погоди Александар Божинов.

Беса Влазрими со убедливи 3:0 славеше над Еуромилк ГЛ, а победата беше обезбедена во првиот дел. Амир Бајрами, Ридван Исмаили и Харун Касуми беа стрелци за домашниот тим.

ССК Нова со голот на Горјан Ангеловски постигнат во вториот дел минимално славеше над БВК Коњаре.

Башкими Љуботен со играч помалку во 90. минута дојде до минимален триумф над Раштак. Стрелец на единствениот погодок беше Хамза Мурати. Во 61. минута од игра беа исклучени Фисник Зејнухали кој заработи втор жолт картон поради недозволен старт.

По завршувањето на натпреварот, Берат Зендели заработи црвен картон поради неспортско однесување, поради пцовки по завршувањето на натпреварот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!