Студена Вода на дерби со Маџари, Њу Јорк против Илинден

Викендот се игра последното коло од есенскиот дел од Третата лига – Север, кое ќе биде отворено во сабота. Њу Јорк на домашен терен ќе игра против екипата на Илинден. Домаќините на овој натпревар ќе бидат големи фаворити за нова победа и три бодови и можност за напредок на табелата за едно место.
ССК Нова на домашен терен ќе ја пречека екипата на Речица. Двете екипи се во голема резултатска криза и натпреварот ќе биде дерби од дното на табелата.
Во недела ќе се игра големото дерби меѓу Студена Вода и екипата на Маџари Солидарност. Домаќините во моментот со 19 бодови се на второто место на табелата и на овој натпревар се силно мотивирани за победа, со цел да останат во чекор со лидерот Беса-Влазрими. Гостите со еден бод помалку се на четвртото место на табелата, а мотив за победа има и кај нив, бидејќи атакуваат на првото место и влез во Втората лига, па тоа ќе понуди одлично дерби.
Риниа на домашен терен ќе има тешка задача со расположената екипа на Локомотива Бентоекспорт. Гостите на овој меч ќе атакуваат на победа и три бодови со цел да останат во игра за првото место.
Лидерот Беса-Влазрими ќе гостува кај екипата на Башкими која влезе во победнички ритам, но, сепак гостите ќе важат за големи фаворити на овој меч поради далеку подобрата форма.
Петровец на домашен терен ја чека екипата на Волково. Домаќините ќе се обидат да го искористат домашниот терен и лошата форма на Волково со цел да дојдат до победа и да излезат од резултатската криза.
Аеродром после тешкиот пораз од Фортуна во минатото коло каде загуби со 11:0 го очекува повторно тежок дуел на домашен терен, овој пат со екипата на Њу Старс која е влезена во победничка серија и ќе важи за фаворит на мечот.
Раштак на домашен терен ја чека расположената Фортуна, која после убедливата победа над Аеродром од претходното коло, ќе важи за голем фаворит на овој натпревар за нова победа и три бодови со цел да остани во чекор со лидерот на табелата.
Сите натпревари започнуваат во 13:00 часот.