Одбојка
Струмица Жени со победа над Универзитет Тетово

Одбојкарките на Струмица Жени запишаа победа на гостувањето во Тетово, каде со 0:3 во сетови беа далеку подобар противник од домаќинот Универзитет Тетово, во меч од 2. коло од Втората фаза -1.
Првиот сет заврши со резултат од 20:25, а одличната игра на струмичанки продолжи и во вториот сет кој го добија со 21:25. Струмица Жени одличната игра ја продолжи и во третиот сет кој го доби со сигурни 18:25. Со 16 бодови Струмица Жени е на четвртото место кое води во плеј-офот и разигрување за титулата, додека Универзитет Тетово има 11 бодови и се наоѓа на последното шесто место.