ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга заборави да победува – голем бод за Брегалница, „пандевци“ во голема резултатска криза, храбар бод за Силекс

Брегалница остана непоразена покрај езерото каде во рамки на 13. коло од ПМФЛ обезбеди бод против лидерот Струга Трим Љум, откако одигра 2:2.

Штипските „сини“ со играч помалку дојдоа до голем бод, а можеа да го обезбедат и целиот „плен“ од тешкото гостување, бидејќи стружани со пенал во 79. минута дојдоа до 2:2.

Резултатот го отвори Струга со толот на Укпа во 23. минута од мечот, а по само една минута Ѓорѓиев постигна гол за 1:1, резултато со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел Брегалница направи пресврт, откако Александар Ристески ја стресе мрежата на Мирселоски за 1:2 во 52. минута од мечот.

Во 78. минута резервистот Херера направи прекршок за најстрога казна и доби црвен картон. Одговорноста од белата точка ја превзеде Бесарт Ибраими, кој успешно реализираше за 2:2. До крајот на мечот, домашните правеа силен притисок кон голот на Брегалница, но тоа беше бадијала, бидејќи резултатот не се промени.

Македонија Ѓорче Петров преку Адама Самаке во 91. минута стигна до голем бод против шампионот Шкупи одигра одигра 1:1. Шампионот преку Сандеј Адетунџи пред крајот на првиот дел дојде до водство од 0:1 на полувреме. Во финишот од мечот Самаке во 91. минута го растажи Шкупи за голем бод на борбените „лавови“.

Тиквеш со голот на Даниел Карчески постигнат во 37. минута славеше минимално (1:0) над Победа на домашен терен.

Храбриот Силекс стигна до бод против Шкендија на домашен терен (1:1). Дориев во 59. минута ја донесе Шкендија прва до водство од 0:1, но домашниот тим преку Обадовиќ во 68. минута го израмни резултатот на 1:1. Во продолжението од мечот Бруно Дита беше исклучен од игра со што до крајот Шкендија беше без играч помалку, но тоа не влијаеше на резултатот.

Академија Пандев два месеци не знае за триумф, а денешниот пораз од Работнички (0:2) ја продлабочи големата резултатска криза на „пандевци“, кои сега се на претпоследното место со осум бодови. Ваквиот резултат резултираше со оставка на тренерот на Александар Васоски, кој откако се врати од Сараево нема триумф со Академија Пандев.

„Романтичарите“ им се вратија на победите со погодоците на Рушевиќ и Гандо.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!