Струга за Европа, Вардар за опстанок, директна дерби пресметка меѓу Борец и Ренова

Во недела се играат сите шест натпревари од претпоследното 32. коло од Првата македонска фудбалска лига. Сите натпревари носат важност за екипите и токму тоа ќе направи да гледаме возбудлив и неизвесен фудбал на сите натпревари.
Дерби покрај езерото за Европа и за опстанок, Струга Трим Лум против Вардар. Дефинитивно стружани се апсолутни фаворити на овој меч, имаат далеку подобар и посилен тим, мотив и играат на домашен терен, трите бодови се многу значајни во битката за Европа. Од друга страна, Вардар дома мора да се врати со три бодови и да чека на „кикс“ на конкурентите со надеж за бараж и опстанок во елитата, во спротивно „црвено-црните“ уште во недела и официјално ќе станат нови второлигаши.
Дерби за Европа ќе има и во Ѓорче каде ќе се соочат Македонија ЃП и новиот шампион Шкендија. За „лавовите“ трите бодови се од големо значење со цел да го сочуваат третото место и на тој начин да ја обезбедат „визата“ за Европа, но натпреварот ќе биде исклучителен тежок со оглед на квалитетот на тетовци. Во секој случај очекувањата се да гледаме одличен фудбал.
Битка за сигурен опстанок и избегнување на баражот ќе гледаме во Струмица, Велес и Скопје. Академија Пандев ќе игра Градско дерби со Беласица. Трите бодови за „пандевци“ се од големо значење со цел да излезат од бараж зоната и да обезбедат сигурен опстанок. Квалитетот и формата е на нивна страна и очекувано би било трите бодови да ги грабне екипата на Академија Пандев.
Во Велес ќе се одигра можеби највозбудливиот натпревар кој ќе го привлече големо внимание. Борец против Ренова во директна пресметка за сигурен опстанок. На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Силекс ќе гостува кај Работнички. Бидејќи тренерот на „романтичарите“ најави дека шанса ќе добијат фудбалерите со помала минутажа можеби тоа ќе биде голема предност за кратовчани дома да се вратат со трите бодови.
Пелистер којшто избори опстанок и следната сезона ќе игра во ПМФЛ ќе гостува во Скопје кај Шкупи.
Сите натпревари статуваат со почеток од 16:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика.