РакометРакомет - Суперлига
Струга во финишот го доби Еурофарм Пелистер 2 на контролката во Битола

Интересен контролен натпревар се одигра денес во Битола, каде екипата на Струга со 22:23 во драматичен финиш беше подобра од Еурофарм Пелистер 2.
Првото полувреме во „Јован Калаузи“ заврши со 10:10, а натпреварот беше решен во последниот секунди.
Најефикасни во редовите на домашната екипа беа Дрогришки и Петровиќ со по шест погодоци, додека кај гостинската екипа најдобар стрелец беше Ракоција со пет и Илиевски со четири гола.