Струга Трим Лум во обид за прво Куп-финале против Силекс

Академија Пандев е првиот финалист во Купот на Македонија, откако вчера во Ѓорче со 1:3 ги скроти „лавовите“ и обезбеди пласман во големото финале по втор пат едно по друго, откако во 2019 година во освои Купот.
Денес на Градскиот стадион во Струга ќе се одигра вториот полуфинален натпревар меѓу Струга Трим Лум и Силекс, победникот од овој дуел ќе патува во финалето закажано за 19. мај каде ќе се судри со Академија Пандев во борбата за Куп-титулата.
Во однос на формата од пролетниот дел од ПМФЛ и двете екипи се под очекуваното, особено Силекс, но кога станува збор за Купот, тие играат одлично и секогаш знаат да го дадат максимумот од себе, особено денес, бидејќи се игра еден натпревар, па победникот директно патува во големото финале. Мотивот е уште поголем, бидејќи тоа е единствениот начин за излез кон Европа.
Според сите околности, изразит фаворит за денешниот дуел нема, но сепак, стружани би имале блага предност затоа што играт на сопствен терен, но според прикажаното досега во ПМФЛ, кратовчани играат многу подобро на гостински терен, па тоа сигурно ќе донесе борбен натпревар и неизвеност до самиот крај од натпреварот.
Дуелот ќе стартува во 13:00 часот, а главен судија ќе биде Ѓоргиев Крумислав од Штип, а ќе му помагаат Ѓорѓиев Ристо и Саздовски Зоран исто така од Штип.
Еден Коментар