ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга Трим Љум во финишот дојде до триумф над Работнички

Струга Трим Љум дојде до нова победа во ПМФЛ, откако во финишот го скрши отпорот на Работнички и со 2:1 дојде посакуваните три бодови. Домаќините рано го отворија резултатот преку Османи во 6. минута од мечот. Гостите брзо го израмнија резултатот на 1:1 со гол постигнат од пенал, а успешно го реализираше Ѓурѓевиќ.

Во вториот дел желбата и мотивот за победа беше и кај двете екипи. Мрежите мируваа до самиот финиш, кога Јахја Абдулхади ја смести топката во противничката мрежа во 87. минута од мечот за конечни 2:1.

Стружани сега имаат 25 бодови е на високото четврто место на табелата, додека Работнички со 21 бод е на осмото место на табелата во ПМФЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!