Европски ФудбалФудбал

Струга Трим Лум со убедлив пораз од Лиепаја ги заврши европските настапи

Струга Трим Лум ги заврши европските настапи, откако македонскиот прволигаш беше елиминиран во првото коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Стружани во Латвија одиграа 1:1, додека на домашен терен во Скопје целосно потфрлија и беа убедливо поразени со високи 1:4.

Укпа во самиот финиш на првиот дел донесе водство за гостите од Латвија. На стартот од вториот дел Додо во 47. и 49. минута донесе висока предност од 0:3 за Лиепаја.

Скендери во 57. минута намали на 1:3 и ја врати Струга во игра, но само до 62. минута кога Бирозкин ги постави конечните 1:4.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!