ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга Трим Лум се засили со Давор Талески од Пелистер

Екипата на Струга Трим Лум денес промовираше ново име за следната сезона. Голманот Давор Талески од Пелистер е најново засилување за стружани за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Талески минатата сезона собра 29 настапи за Пелистер и беше клучен во борбата за опстанок во ПМФЛ на битолскиот клуб.

Претходно, Валентин Талески, исто така од Пелистер ја засили Струга Трим Лум.

Стружани новата сезона ја стартуваат со квалификациите од Конференциската лига на УЕФА против Лиепаја од Летонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!