ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга Трим Љум и Победа ја отвараат новата сезона од ПМФЛ со пренос на Арена и МТВ

Во сабота (6. август) започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига со директниот пренос од мечот покрај Охридското Езеро, каде ќе се соочат Струга Трим Љум и повратникот Победа.

Со овој натпревар кој е закажан во 17:30 часот ќе започне најсилното фудбалско натпреварување во Македонија.

ФФМ испрати допис до клубовите дека согласно потпишаните договори ТВ правата за новата сезона на Првата лига и Купот на Македонија со регионалната ТВ Арена одредени се натпреварите од 1-то коло кои ќе бидат пренесувани следниот викенд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!