ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга Трим Лум го доби Борец среде Велес

Фудбалерите на Струга Трим Лум продолжуваа со одличните резултати во ПМФЛ откако денес во Велес со минимални 0:1 го добија Борец. Многу важна победа за стружани во атакот за третото место на табелата.

Единствениот гол на натпреварот падна на стартот од второто полувреме, а стрелец на истиот беше Мециновиќ Јасмин.

За Струга ова беше десета сезонска победа, додека за Борец 11-ти сезонски пораз. Во однос на табелата, Борец со 33 бодови е на шестото место на табелата, додека Струга Трим Лум има 40 и се наоѓа на четвртата позиција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!