ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга Трим Лум домаќин на Работнички

Струга Трим Лум на домашен терен го чека Работнички во меч од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи атакуваа на победа и три бодови, со цел да обезбедат место горе на табелата. Стругажани по 16 одиграни натпревар имаат 22 бодови и се на делба на четвртото место со екипата на Силекс, додека „романтичарите“ со еден бод помалку се на седмата позиција на табелата.

Дуелот во Струга ќе го суди Ѓоргиев Крумислав од Штип, а негови помошници ќе бидат Караколев Никола и Џонов Кристијан, исто така од Штип. Дуелот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одигран без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!