ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга со победа над Шкупи ја затвара полусезоната во ПМФЛ

Струга Трим Љум одигра фантастичен натпревар и дојде до нова победа на Шкупи од 1:2, во меч од 18. коло од Првата македонска фудбалска лига. За избраниците на Умит Каран ова е втор пораз од стружани, бидејќи пораз запишаа и на првото нивно соочување.

Гостите од самиот почеток на натпреварот отворија одлично, а тоа го потврдија со неколку одлини шанси за погодок во првиот дел, но, мрежи мируваа и на двете страни. Во вториот дел продолжи одличната игра на Струга која преку Цаке дојде до 0:1. Притисокот кај домаќините за погодок беше голем, па чаирчани преку Ламине израмнија на 1:1. Шокот за Шкупи стигна на 8. минути пред крајот на натпреварот, кога Јахја ја затресе противничката мрежа за 1:2.

Шкупи останува на второто место со 33 бодови, колку што има и Македонија ЃП, додека Струга ќе презими на високото четврто место на табелата со 28 бодови.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!