РакометРакомет - Суперлига

Струга со победа над Пролет обезбеди плеј-оф

Ракометарите на Струга со одлично второ полувреме го совладаа Пролет со 25:21 и запишаа нова победа во групата А од Суперлигата. Со победата Струга се искачи на третото место со 19 бодови и го помина Голден Арт КЛ7 за влез во плеј-офот, а има и натпревар плус до крајот со Јуниор Кисела Вода.

Мечот стартуваше со изедначена борба од страна на двете екипи и на полувреме замина со 12:12. Во вториот дел од мечот Струга заигра подобро и направи серија за предност од 4 разлика која ја држеше до крајот на мечот.

Богдан Николиќ со 7 гола беше најдобар кај Струга, додека Дејан Пецаковски кај Пролет беше најдобар со 8 погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!