ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга со херојска побега ги распарчи „лавовите“, Шкендија со голем триумф над Борец стана нов шампион

Битката за третото место кое носи излез во Европа ќе биде уште повозбудлива, откако Струга Трим Лум денес среде Ѓорче со 2:3 славеше над Македонија Ѓорче Петров и се доближи на само еден бод. „Лавовите“ стигнаа први до водство со гол од пенал во 40. минута, а успешно реализираше Робсон Да Силва. Во 84. минута Ставрев досуди пенал за гостите од Струга, а Алтипармаковски Марјан успешно реализираше за 1:1. Во 90. минута српскиот интернационалец Босанчиќ Немања ја стресе мрежата на Стевковски за водств од 1:2. Само две миути подоцна во судиското надополунвање младиот Филип Алексовски израмни на 2:2. Во 94. минута од судиското надополнување Ставрев досуди втор пенал за Струга, Алтипармаковски повторно успешно реализираше и ги постави конечните 2:3 со што донесе три златни бода за Струга која останува во сериозна трка со токму со Македонија ЃП во битката за третата позиција која ќе ги однесе во фудбалска Европа.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Шкендија е новиот шампион на Македонија откако денес со 3:1 славеше во Тетово над Борец и на четири кола до крајот ја освои титулата во домашното првество. Бејтулаи во 13. минута постигна автогол откако Талаков упати низок удар, а топката се одби токму од Бејтулаи и заврши во мрежата на Шкендија. Во 62. минута Мевлан Мурати израмни на 1:1, а само две минути подоцна Бесарт Ибраими ја донесе Шкендија во водство од 2:1. Во 68. минута Рубин Хебај ги постави конечните 3:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!