Струга ремизираше на последната контролка во Драч

На последниот контролен натпревар одигран во Драч, екипата на Струга Трим Љум ремизираше 1:1 против косовскиот тим Дренас. Првото полувреме заврши со минимална предност на противникот, додека до реми струшкиот прволигаш стигна во вториот дел, поточно во 80. минута.
>>> СО ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<
По една подолга акција, профитираше Сехејљ Мухарем, и тоа по еден блок на дефанзивците на Дренас, кој заврши до нозете на напаѓач, кој со удар од околу 11 метри успеа да ги израмни резултатот на 1:1.
Ова беше прв гол за Сехејљ Мухарем во рамки на контролните натпревари на албанско тло, каде македонскиот прволигаш забележа 1 победа, 2 нерешени и 1 пораз.
Eдинствениот пораз Струга го претрпе уште на првиот натпревар, од екипата на Феризај (1:2), за потоа да ремизира со Ботев Враца, додека единствената победа ја забележа против Беса од Добри Дол (1:0).
Екипата на Струга Трим Љум утре се враќа во Струга каде ќе продолжи со подготовките, додека на 5. февруари против второлигашот Охрид ќе биде одигран последниот контролен натпревар, воедно и генералка пред почетокот на пролетната сезона која започнува на 12 февруари.