ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга подобра од Пелистер во натпревар со пет гола и два црвени картони

Екипата на Струга Трум Лум подобра од Пелистер на контролниот натпревар на кој паднаа пет гола и два црвени картони.

Битолчани одлично го отворија натпреварот со дват гола на Талески во 19. минута и Размоски во 22. минута за водство од 2:0. Но, двата брзи гола на Пелистер ги разбуди стружани кои се разиграа и преку Скендери во 39. минута намалија на 2:1. Во вториот дел Босанчиќ стрелаше за 2:2, а две минути подоцна Миленкоски ги постигна конечните 2:3.

На стартот на второ полувреме, односно во 46. минута Илиевски од Пелистер и Таири од Струга ТЛ добија црвени картони.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!