РакометРакомет - Суперлига

Струга на дерби со Пролет, Охрид гостува кај Астраион, Јуниор КВ домаќин на Радовиш

Денес во „Нико Нестор“ се игра дерби меч меѓу амбициозната Струга и Тинекс Пролет, во натпревар од 13. коло од групата А во Суперлигата. Стружани играат одлична сезона и се на добар пат кон плеј-оф, а на утрешниот натпревар одат силно мотивирани кон нова победа и три бодови. Мечот се игра со почеток од 19:00 часот.

Непоразениот лидер Охрид утре ќе гостува во Струмица каде ќе се соочи со последнопласираниот Астраион. Охриѓани на овој натпревар ќе важат за апсолутни фавороти против младиот состав на Астраион кој ги загуби шансите за плеј-оф. Мечот ќе започне во 18:30 часот и ќе се игра во Спортската сала „Парк“ во Струмица.

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода утре на домашен терен ќе се соочат со Радовиш. Двете екипи ги загубија шансите за плеј-оф, па опстанокот во Суперлигата ќе го обезбедуваат во плеј-аутот. Јуниор во досегашниот тек од сезоната има запишано две победи, а после онаа убедлива победа над Голден Арт КЛ7 од 35:25, екипата од Кисела Вода влегува силно мотивирана за му врати на Радовиш за поразот од 7. коло, кога радовишани дома со 39:27 славеа убедливо. Натпреварот ќе стартува во 19:00 часот со директен пренос на МРТ3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!