ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга максимална, Силекс го доби Скопје, реми во Кавадарци, поделени седум црвени картони

Многу погодоци и дури седум црвени картони на четири натпревари од 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Фрути Суп Борд“ – возење низ Охридското езеро со вкусни коктели, музика и диви плажи

Шкендија со минимални 0:1 славеше во Струмица над Академија Пандев и дома се врати со цел „плен“. Трите бодови ги обезбедни Аденис Шала со погодок постигнат во 76. минута од мечот.

Во Кратово паднаа четири погодоци и дури три црвени картони, трите бодови останаа дома откако Силекс со 3:1 славеше над Скопје. „Пиратите“ во 35. минута од мечот останаа со играч помалку, откако капитенот Јасмин Мециновиќ заработи втор жолт картон поради недозволен старт. Пред крајот на првиот дел Филип Обадовиќ ја стресе мрежата на Скопје за 1:0 на полувреме.

На стартот од вториот дел младиот Бујар Хајдари ја замолчи домашната публика откако „пиратите“ со играч помалку дојдоа до 1:1. Сепак, радоста на гостите од Автокоманда траеше само две минути, Обадовиќ за втор гол донесе ново водство за кратовци од 2:1.

Во 57. минута Арсим Љамалари заработи директен црвен картон поради неспортско однесување, спречување очигледна шанса за гол, со што силите на теренот беа израмнети.

Катамаран „Potpes Crusing“ ви нуди најубаво и уникатно крстарење по Охридското Езеро

Сепак, тоа не влијаеше на играта, па Кратово преку Бурхан Алији во 72. минута ја зголеми предноста на 3:1. Осум минути подоцна Андреј Ричков заработи втор жолт поради недозволен старт со што беше исклучен од игра, но тоа не влијаеше на резултатот од 72. минута кој стана конечен (3:1).

Струга Трим Љум дојде до три од три, а Работнички остана „закован“ на дното без бодови. Покрај езерото стружани забележаа нова победа од 2:1 над „романтичарите“ кои имаат катастрофален старт во новата сезона. Овој меч го одбележаа трите црвени картони.

Резултатот беше отворен уште во 13. минута со гол на Зија Мерџани за водство на домаќините од 1:0, а Работнички брзо дојде до 1:1 откако Димитар Тодоровски постигна гол во 25. минута.

Во вториот дел неизвесноста траеше до 75. минута кога Сава Радич го врати водство за стружани (2:1). По две минути игра, токму Радич заработи директен црвен картон поради насилничко однесување.

Работнички до 90. минута играше со играч повеќе, но тоа немаше влијание на резултатот, а токму пред крајот на мечот. Методи Максимов заработи втор жолт поради недозволен старт и беше исклучен од игра.

Во судиското надополнување капитенот на Струга Трим Љум, Буњамин Шабани заработи втор жолт поради намерна игра со рака и му беше покажен патот кон соблекувалната.

Тиквеш и Брегалница го поделија „плен“ откако во Кавадарци одиграа 1:1. Штипските „сини“ први дојдоа до водство со атрактивниот гол на Горан Силјановски постигна од далечина во 25. минута. Во вториот дел, во 57. минута Едиз Спахиу постигна гол за конечни 1:1.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Во 75. минута капитенот на Брегалница, Даниел Мојсов заработи директен црвен картон поради недолично однесување кон публиката, по што играчот се извини кон публиката додека го напушташе теренот, а потоа упати јавно извинување и по завршувањето на мечот во Кавадарци.

Вчера, Македонија Ѓорче Петров со 4:1 ја прегази победа, додека пак Шкупи во оваа коло беше слободен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!