ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга ја прекина соработката со Цветаноски и Ѓуриќ

Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум ја прекина соработката со напаѓачот Дејан Цветаноски и голманот Урош Ѓуриќ. Со двајцата е договорено предвреме да се прекине соработката.

>>> ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА КОТВА.МК <<<

Договорот на Цветаноски истекуваше на крајот од сезоната, додека Урош Ѓуриќ имаше договор до летото 2023 година.

Да потсетиме, Цветаноски стана дел од Струга Трим Лум во летото 2018 година, кога пристигна од редовите на Ренова, а сега кариерата ја продолжува во кратовски Силекс, додека Ѓуриќ пристигна покрај езерото летото 2019 година, исто така од Ренова.

„На двајцата им се заблагодаруваме за придонесот даден во изминатите години во нашиот тим, посакувајќи им во исто време многу успеси во нивните кариери“, велат од струшкиот прволигаш

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!