ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга и Шкупи ремизираа покрај езерото, Силекс убедлив против Беласица

Фудбалерите на Струга Трим Лум ремизираа со Шкупи играјќи 0:0 покрај езерото. Голем бод за стружани кој продолжуваат да го напаѓат третото место во борбата за излез кон Европа.

Во Струмица голема победа за Силекс кој со 1:3 беше далеку подобар од Беласица и сега е на осмата позиција на табелата со ист број како и Академија Пандев која сега е на деветтата позиција.

Кратовчани први стигнаа до водство откако Пепи Горгиев во 10. минута ја погоди мрежата на Вулиќ. По седум минути беше досуден пенал за домашните, а Бејнамин Демир успешно реализираше за 1:1. Во вториот дел од натпреварот Силекс постигна уште два гола и дојде до посакуваните три бодови. Во 68. минута Давид Манасиевски стрелаше за 1:2, а во 86. минута бугарскиот интернационалец Игнатов ги постави конечните 1:3.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!