Куп на МакедонијаФудбал

Струга и „лавовите“ во Куп-полуфинале, пенал-рулетот кобен за Вардар – Божиновски херојот на Силекс

Брегалница елиминирана во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако покрај езерото беше поразена со 2:0 и со тоа ги завршува настапите во Купот, па се насочува кон натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.

Штипските „сините“ останаа без тренер и спортски директор, откако Илчо Ѓорѓиоски и Никола Тонев си поднеа оставки, а истите беа прифатени од страна на клубот.

Струга правеше сериозен притисок за триумф, за кој чека повеќе од два месеци, бидејќи последен пат славеше дури на 17. септември против Тиквеш на домашен терен (2:0).

Стружани патуваат во големото полуфинале и сакаат историско финале и историска Куп-титула. Резултатот покрај езерото беше отворен уште во 2. минута откако Едис Малиќи ја стресе мрежата на Шќекиќ за водство на Струга Трим Љум. Свои изгледни шанси за гол имаше и Брегалница, но недостастуваше реализација со што мрежата на Китановски остана чиста по првите 45 минути.

Во вториот дел капитенот Буњамин Шабани ја дуплираше предноста по десеттина минути игра во вториот дел.

До крајот на мечот Брегалница атакуваше на брзо гол за да се врати во игра, но немаше сили за тоа, а пак Струга правеше притисок и за трет гол за уште поубедлива победа. Сепак, резултатот од 2:0 стана конечен, Струга обезбеди полуфинале и ќе игра за клупска историја, а пак Брегалница се враќа во Штип без пласман во следната фаза.

На Чаир се играше големата дерби пресметка меѓу Шкупи и Шкендија, која беше прекината по десеттина минути игра, откако Дашмир Елези уште во 9. минута донесе водство за гостите од Тетово, на што навивачите влетаа на теренот и настана тотален хаос.

Големото дерби од Купот меѓу Шкупи и Шкендија повторно го покажа срамот на македонскиот фудбал. Летаа факли, пиротехника, но „летаа“ и боксови меѓу навивачите и фудбалерите со што навистина се предизвика тотален хаос, на што интервенираше и полицијата.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а главниот судија Качевски и делегатот одлучија дека овој натпревар нема да продолжи бидејќи нема услови за такво нешто. За повеќе информации се очекува соопштение од Фудбалската федерација на Македонија.

Македонија Ѓорче Петров ја исфрли Академија Пандев од Купот, откако со голот на Адама Самаке, кој од непосредна близина ја заби топката во противичката мрежа за минимална, но голема победа од 1:0 во реприза на Куп финалето од 2019 година. „Лавовите“ патуваат во големото Куп-полуфинале, а „пандевци“ ги завршуваат настапите во Купот на Македонија.

Откако во регуларните 90 минути во Кратово мрежите мируваа и на двете страни, победникот беше прешен преку пенал-рулетот, во кој повеќе среќа имаше Силекс (3:2).

Првиот круг од пенал-рулетот беше успешен и за двете страни, Дарко Глишиќ кој беше втор шутер за Вардар промаши, откако шутираше високо над Голот, а по него Гачевски го одбрани ударот на Бурхан Алији.

Божиноски го одбрани ударот на Никола Ристески, а пак Гачевски го врати Вардар откако го одбрани ударот на Дејан Цветаноски.

На крај, голманот и капитен на кратовци, Даниел Божиновски се покажа како херој откако го одбрани пеналот на Давид Велковски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!