ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Струга и Флорент Османи се разделија

Заврши соработката меѓу Флорент Османи и Струга Трим Лум, двете страни се разделија по три години со што играчот ќе бара нова средина.
33-годишниот крилен играч беше дел од тимот покрај езерото од 2019 година, а за него има интерес од неколку македонски прволигаши.
Османи покрај за Струга Трим Лум настапуваше и за Гостивар, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, косовска Лирија и турски Бингол Спор.