РакометРакомет - Суперлига

Струга го шокираше Металург кој покрај езерото одигра нерешено само за бод

Металург повторно разочара откако во првото коло загуби од Пролет, денес покрај езерото одигра нерешено со Струга со 28:28, иако имаше водство од пет гола, па на крај мораше да се задоволи само со бод.

Стрга стартуваше одлижно, сигурно и мотивирано и во првите 20. минута од натпреварот парираше со гостинот од Автокоманда, кој потоа се одлепи и на полувреме имаше 13:18.

Стартот на вториот дел од натпреварот не донесе промени. Струга се обидуваше брзо да се врати во игра и да фати приклучок за трите бодови, но Металург имаше водство од три до пет гол. Шокот се случи во финишот од натпреварот, кога стружани заиграа поквалитетно и успеаја да ја намалат негатива од три голови на опуштениот Металург кој мислеше дека дома ќе си оди со три бодови.

Богдан Николиќ со седум погодоци беше најпрецисен во Струга, а два помалку имаше Вукашин Ракочија. Кај Металург најдобар беше Василије Калуѓеровиќ со осум гола, а еден помалку имаше Златко Хорват.

Во следното коло Струга ќе гостува кај Бутел во Скопје, а Металург на домашен терен ќе се соочи со Еурофарм Пелистер 2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!