ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга го „потопи“ Шкупи, Шкендија ги растури „лавовите“

Најголемо изнадување приреди Струга Трим Лум која го декласираше Шкупи и со 4:2 го „потопи“ покрај Охридското езеро во рамки на 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. Стружани до победата стигнаа на крилата на Босанчиќ кој постигна хет-трик, а на натпреварот беа досудени вкупно четири пенали. Се започна уште во 6. минута кога Босаниќ ја стресе мрежата на чаирачни за отварање на резултатот и рано водство на домаќинот. Во 23. минута Исмаили успеа да намали со гол постигнат од пенал. Само осум минути беа потребни за Босанчиќ да ја стресе повторно мрежата и да ја донесе Струга во второ водство. Пред крајот на првиот дел „падна“ уште една пенал, овој пат за Струга, а Босанчиќ успешно реализираше за 3:1 на полувреме. Стартот од вториот дел донесе нов гол, но и овој пат преку пенал, а Бојку успешно реализираше. По девет минути игра Трапановски постигна гол и намали на 4:2, а и овој гол беше постигнат од пенал.

Шампионот Шкендија без милост ги растури „лавовите“ во Тетово со високи 4:0. Шкендија конечно го пронајде вистинскиот пат до првата победа во новата сезона и тоа го покажа со голема моќ. Ибраими уште во 6. минута го донесе шампионот во водство, а Македонија Ѓорче Петров имаше надеж дома да си замине барем со бод се до 89. минута, кога Шкендија ги презеде сите работи во свои раце и со нови три гола ги уништи надежите на „лавовите“. Дориев беше стрелец на два гола за две минути, а конечните 4:0 ги постави Елези во 93. минута.

Борец – Брегалница

Борец немаше среќа, во самиот финиш прими гол и мораше да се задоволи со бод, откако ремизираше со Брегалница играјќи 1:1. Велешани на домашен терен преку Трајкоски во 67. минута први го отворија резултатот и први стигнаа до водство. Штипските „сини“ собраа сили и во последните секунди од судиското надополнување преку Додев стигнаа до конечни 1:1 и носат голем бод во Штип. За Брегалница ова е четврто последователно реми.

Скопје со минимални 1:0 славеше над Пелистер кој продолжува да реди порази во новата сезона. Битолчани остануваат и понатаму „заковани“ на дното од табелата без освоени бодови.

Работнички стигна до нова победа откако на Националната арена со 2:1 славеше над Тиквеш. Марио Станковски со гол од пенал во 41. минута му донесе водство на домаќинот од 1:0. Во вториот дел кавадарчани брзо се вратија во игра, откако Ивановски во 53. минута успешано реализираше пенал за 1:1. Пет минути беа потребни за „романтичарите“ да дојдат до ново водство, овој пат Лука Станковски постигна гол за конечни 2:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Колото ќе биде затворено вечерва со дуелот во Струмица меѓу Академија Пандев и Ренова.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!