ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Струга го освои Кратово, лидерот со голем триумф над Силекс

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим Љум го осови Кратово, откако со 1:2 славеше над Силекс и дома се врати со три многу големи бодови, во воведниот меч од 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Олеснителна околност за Струга беше тоа што домашниот тим играше со играч помалку од 21. минута, откако капитенот Арсим Љамалари заработи втор жолт картон и беше икслучен од игра.

Гостите први го отворија резултатот од белата точка, а успешно реализираше исксуниот Бесарт Ибраими. Веќе во 25. минута Малески погоди за 0:2, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Силекс се обидуваше мечот да го врати во егал, преку Марјан Ристовски во 84. минута намали на 1:2, но до крајот немаше сили, па мечот заврши со конечни 1:2.

Колото ќе биде комплетирано утре.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!