ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Стрела го шокираше Црно Буки, Новаци со триумф над Октиси, Преспа со голема победа над Сатеска

Денес беа одиграни натпревари од вонредното 19. коло од Третата лига – Југозапад.

Стрела 2:1 Црно Буки

„Фенерџијата“ Стрела одигра одличен натпревар и стигна до голема победа над Црно Буки со резултатот од 2:1. Гостинската екипа стигна прва до водство во 13. минута со гол на Даралиовски Оливер. По само четири минути игра Талевски Мики постигна гол за 1:1. Во 70. минута од натпреварот Лековски покажа на белата точка за домаќинот, одговорноста ја презеде Тодоровски Гоце и успешно реализираше за конечните 2:1.

Воска 2:1 Македонија Враништа

Лидерот Воска на домашен терен со 2:1 славеше над Македонија Враништа. Во 22. минута охриѓани дојдоа до водство со гол пенал, а успешно реализираше Мерко Меритон. Во 35. минута Попоски Антонио израмни на 1:1. Во 81. минута Далчев Љубен постина гол за конечни 2:1.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР НА АКУМУЛАТОРИ ВО „ЦЕНТАР ЗА АКУМУЛАТОРИ РЕСЕН“

Победа Ивањевци 0:3 Влазними

Влазними сосека очекувано стигна до триумф против Победа откако во Ивањевци славеше со 0:3. Првиот гол од натпреварот падна во 30. минута, стрелец на истиот беше Шаќири Абил. Шекуткоски Даниел со гол во 80. минута зголеми на 0:2, а Муртезаи Шпресим ги постави конечните 0:3 во 88. минута.

Преспа 4:2 Сатеска

На Градскиот стадион во Ресен екипата на Преспа стигна до победа над Сатеска од 4:2. Домаќинот прв стигна до водство во 15. минута со гол на Николовски Христијан. Мехмед Адријан во 38. минута го дуплираше водството на Преспа, а по една минута Угриноски Никола намали на 2:1. На стартот од вториот дел Преспа зголеми на 3:1 со гол на Пластиновски Нико постигнат во 48. минута. Сатеска во 74. минута се врати во игра за реми откако Митрески Даниел намали на 3:2. Во 88. минута Пластиновски со втор гол ги постави конечните 4:2.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Новаци 2:1 Октиси

Новаци се намачи со Октиси и во самиот финиш стигна до победа на домашен терен од 2:1. Гостите во 55. минута го отворија резултатот за водство од 0:1 со гол на Села Самет. Во 75. минута Трифуновски Иве погоди за 1:1. „Џокерот“ Јовановски Александар во 88. минута ги постави конечните 2:1.

Кравари 4:2 Белица

Екипата на Кравари на домашен терен со 4:2 славеше над Белица и ја оправда фаворитската улога. Првиот гол на натпреварот беше постигнат во 18. минута, а стрелец беше Стефановски Стефан. Во самиот финиш на првиот дел Гилев Никола погоди за двојна предност на полувреме за Кравари. На стартот од вториот дел Јанакиевски Владе донесе водство од 3:0. По десет минути игра со втор гол Јанакиевски зголеми на 4:0. Во 61. минута од натпреварот Бафто покажа на белата точка за Белица, а Веселоски Ардис успешно реализираше за 4:1. Во 75. минута Веселоски ги постави конечните 4:2.

Лирија 4:0 Дебарца

Лирија на домашен терен стигна до убедлива победа над Дебарца од високи 4:0. Алили Раим беше стрелец на првиот гол во 40. минута за 1:0, а по две минути игра Неџипи Демир ја дуплираше предноста. Во 44. минута Настевски Тони зголеми на 3:0 на полувреме. Во вториот дел нововлезелниот Реџеповски Минур во 79. минута ги постави конечните 4:0.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!