Европски ФудбалФудбал

Стоперот на Јунајтед ги отстрани сите дилеми за новиот тренер: Ни кажаа се во соблекувалната

Одамна е познато дека Манчестер Јунајтед ќе го преземе Ралф Рагник, а сега стоперот на „црвените ѓаволи“ Ерик Бејли ги откри сите дилеми.

Дефанзивецот на Брегот на Слоновата Коска по вчерашниот натпревар против Челзи на Стемфорд Бриџ изјави дека на фудбалерите на Манчестер Јунајтед им било кажано за доаѓањето на нов менаџер.

„Да, ни кажаа во соблекувалната за доаѓањето на нов менаџер“, изјави Бејли за RMC Sport.

Во моментов се работи на договорот и наскоро се ќе биде официјално потврдено, а Германецот треба да го преземе раководството на тимот до крајот на сезоната, по што ќе остане во клубот како консултант во следните две години.

По отказот на Оле Гунар Солскјер, клупата на „црвените ѓаволи“ привремено ја презеде Мајкл Керик.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!