ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Стоперот Филип Мишевски се врати во Македонија ЃП

Екипата на Македонија Ѓорче Петров претстави уште едно ново засилување, откако потпиша со Филип Мишевски кој се враќа во старото јато.

29-годишниот стопер беше дел од „лавовите“, но на полусезоната замина во редовите на велешки Борец. Тој реши повторно да се врати назад во Ѓорче и стави потпис на договор до крајот на сезоната.

Во својата кариера покрај за „лавовите“ има настапувано и за Работнички, Пелистер, Скопје и Борец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!