Европски ФудбалФудбал

СТОП! Тадиќ испрати јасна порака до управата на Милан

Душан Тадиќ се најде во центарот на вниманието поради интересот на Милан. Очигледно, нема да има ништо од тој трансфер.

Прво, легендарниот Марк Овермарс ги олади „росонерите“. Сега се јави и Душан Тадиќ. Српскиот капитен им кажа сè на управата на Милан со само една реченица.

„Останувам во Ајакс, во мојот тим од соништата. Никаде не одам“ рече Тадиќ.

Душан Тадиќ е бог во Амстердам. Тој ја задолжи капитенската лента и освои трофеи. Србинот досега постигна 70 голови за Ајакс, а асистираше 76 пати.

Во својата кариера, креативниот играч за врска играше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон и Ајакс. За репрезентацијата на Србија одигра 76 натпревари и постигна 16 голови.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!