ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Стојкоски ја продолжи соработката со „лавовите“ потпишувајќи нов договор

Кристијан Стојкоски ја продолжи соработката со прволигашот Македонија Ѓорче Петров, откако денес стави потпис на нов договор.

30-годишниот напаѓач по пет години се врати во прволигашот од Ѓорче, а во својата кариера настапуваше и за Работнички, Шкупи, Тетекс и Академија Пандев.

„Голема беше желбата да играм европски натпревари со клубот од детството, така да лесно беше да дојдеме до договор со управата. Како и секогаш ќе давам максимум за да и следната сезона биде успешна за мене и Ѓорче“, изјави Стојкоски по потпишувањето на договорот.

„Лавовите“ во финалето од Купот го совладаа Силекс и обезбедија „виза“ за квалификации во Конференциската лига на УЕФА.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!