ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојчевски: Во секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и на следниот, со Тетекс!

Силекс во новата сезона како второлигаш тргна одлично и со максимален учинок е на врвот во Втора лига – Запад. Одигра квалитетни четири натпревари, од кои два беа против директните конкуренти за врвот – Вардар и Воска Спорт. Во рамки на 5. коло Силекс го очекува незгодно гостување во Тетово каде ќе игра против расположениот Тетекс.

За Спортска Мрежа, Стојан Стојчевски вели дека се задоволни од прикажаното, особено затоа што се добиени два тешки противници – Вардар и Воска Спорт, за Тетекс вели дека ги очекува тежок натпревар, тој како поранешен играч на „штофарите“ вели дека знае што значи да се носи дресот на Тетекс и да се има поддршка од „Војводите“, но додава дека со добра анализа тие ќе бидат во целост подготвени за трите бодови.

„Во однос на претходните натпревари може да бидеме задоволни од прикажаното. Игравме со доста тешки противници особено Вардар и Воска кои се директни конкуренти за Прва лига. Во секој натпревар одиме на победа, така ќе биде и следниот со Тетекс. Што се однесува до екипата на Тетекс, таму минав една година, знам што значи да се носи дресот на Тетекс воедно да имаш поддршка од „Војводи“. По четири натпревари тие се на втората позиција, не’ очекува доста тежок натпревар, тежок противник, доста тврд. Ќе ги анализираме во целост за да бидеме подготвени и да освоиме три бодови“, вели Стојчевски за Спортска Мрежа.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 15:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!