ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојчевски ја засили одбраната на Гостивар

Гостивар продолжува со градењето на тим за Прва лига, откако денес потпиша договор со Стојан Стојчевски.

Стоперот одигра одлична сезона во дресот на Силекс, а од денес 29-годишникот го засилува тимот кој има амбиции за враќање во прволигашкото друштво.

Стојчевски ќе биде големо засилување на стоперската линија за Гостивар, кој го задржа косторуот на тимот и дополнително го засили со Бурхан Мустафа и Емран Рамадани.

Покрај за Силекс, Стојчески настапуваше и за Македонија ЃП, Борец, штипска Брегалница, Работнички, Академија Пандев, Тетекс, Вардар, Љубанци, Хоризонт Турново и Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!