Стојчев: Благодарност до сите во клубот и до сопственикот Горан Пандев, задоволен сум од резултати што ги постигнавме со излезот во Европа!

Академија Пандев и тренерот Ѓорѓе Стојче вчера се разделија, откако клубот загуби од непоразениот лидер Струга Трим Љум (0:3). По поразот, тренерот Стојчев ја презеде одговорноста и се повлече од тренерското столче.
Стојчев упати благодарност до сите во клубот, како и до сопственикот Горан Пандев и рече дека е задоволен од постигнатите резултати изминатите години, како и со излезот во Европа.
„Сакам да се заблогодарам на сите играчи, стручниот стаб, сопственикот Горан Пандев како и сите луѓе во клубот со кои работев. Вчера после третиот пораз на домашен терен, јас како тренер ја превзедов одговорноста. Беше вистински предизвик да се работи овие 12 години, од најмалата возраст па се до сениори. Задоволен сум сто можев да ја работам работата која ја сакам, среќен за успехот лани, второто место и излезот во Европа. Посакувам многу среќа и успеси на клубот во иднина“, рече Стојчев.