
Актуелниот македонски футсал шампион Шкупи утре ќе игра 1/16 финале во Лигата на шампион со актуелниот шампион на Украина, екипата на Керсон, во Запорожје во Спортската сала „Младина“.
Спортска Мрежа направи краток разговор со голманот на репрезентацијата на Македонија и голман на Шкупи, Иван Стојановски за утрешниот натпревар. Искусниот голман вели дека атмосферата во клубот е на високо ниво, екипата се прилагодила на условите во Украина и веќе се одработени првите тренинзи и додава дека иако украинскиот шампион Керсон важи за голем фаворит, доколку ги остварат задачите дадени од тренерот и стручниот штаб и со малку среќа може да изненадат.
„Атмосферата во клубот е на високо ниво, веќе се прилагодивме на условите во Украина и ги одработиме тренинзите и сме спремни за утрешниот дуел. Моите очекувања за утрешниот дуел се дека можеме да го изненадиме актуелниот шампион на Украина, ако ги оствариме задачи кои ќе ни бидат дадени од тренерот и стручниот штаб и со малку среќа можеме да направиме изненадување. Не можам да го сокријам фактот дека Керсон е голем фаворит за утрешниот туел, имаат играчи од украинската репрезенција, како и 3-4 бразилци и станува збор за многу квалитетна екипа. Сепак, мислам дека со малку среќа можеме да направиме изненадување на утрешниот натпревар“, вели репрезентативниот голман Стојановски.
Натпреварот меѓу Керсон и Шкупи ќе стартува со почеток од 13:00 часот.