ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов: Во Беласица имаме една цел, за 100-годишнината да го вратиме клубот во Прва лига!

Александар Стојанов е новиот тренер на Беласица, кој беше назначен во текот на вчерашниот ден. Беласица минатата сезона отпадна од Прва лига и во новата сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

Струмичани важат за први фаворити за враќање во елитата, а новиот тренер Стојанов вели дека во клубот имаат единствена цел, а тоа е Беласица за 100-годишнината да се врати во Прва лига.

„За мене преставува огромна чест и задоволство што после долги години ми се укажа прилика од страна на раководните луѓе да се вратам во мојот матичен клуб. Ќе се трудам да работам најдобро што можам, ветувам напорна работа, а сите во клубот си поставуваме една цел, а тоа е за 100 – годишнината на клубот, роденденскиот поклон за нашите навивачи да биде експресно враќање во ПМФЛ“ – изјави Стојанов.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!