Стојанов: Ветуваме напорна и посветена работа и во втората полусезона!

Беласица со 28 бодови есенската полусезона во Втората лига – Исток ја заврши на четвртото место на табелата.
Тренерот Александар Стојанов е задоволен од резултатите во првиот дел од сезоната, а во втората полусезона ветува подобрување на играта.
„Задоволство беше да се работи со овие момци оваа полусезона, имавме одредени осцилации во играта и во резултатите но тоа се должи пред се на неисксутвото на голем број млади играчи во играњето сениорски фудбал, но сепак овие играчи покажаа дека е желни за докажување и дека имаат што да покажат во периодот што следи, а со тоа Беласица да не се грижи за својата иднина, од која бенефит би имал и македонискиот фудбал. Ќе ветиме само напорна и посветена работа и втората полусезона, ќе продолжиме да работиме на полето Беласица да биде препознатлива, да го вратиме препознатливиот стил на игра кој го красеше клубот низ годините наназад а со тоа во иднина да бидеме и меѓу водечките екипи во државата“, вели тренерот Стојанов.
Беласица има негатива од 4 бодови во однос на водечките Победа и Слога, и три во однос на Каменица Саса.
Пролетниот дел Беласица го отвара со гостување во Кочани против Осогово на 19 февруари.